„Чепкачи на нос“, голи капачи и брзи возачи бидете внимателни, затоа што има ново „око“ на небото кое може да ве види додека ги правите „приватните активности“ и тоа во невидени детали. Британската стартап компанија Earth-i ја објави првата колекција на висококвалитетни фотографии и снимки во боја направени од нивниот сателит VividX2, првиот од 15-те што се надева компанијата дека ќе ја сочинуваат нивната „констелација“.
Видеото ја покажува способноста на сателитот да снима висококвалитетни, видеоснимки во боја на секојдневните случувања на Земјата. Сателитот може да се пофали со резолуција од околу 60 сантиметри со до 50 слики во секунда – доволно за да се видат поединечни возила што патуваат по автопатот.
По само две минути прелетување, сателит е во состојба да изгради сложено видео. Тој, исто така може да направи 3D модели од она што го гледа, што може да им помогне на тимовите при катастрофи да ги следат поплавите или структурните оштетувања на зградите, по голема бура, на пример.
Засега, официјалните лица можат да користат беспилотни летала (дронови) за да ги опфатат воздушните снимки на настани како што се природни катастрофи или шумски пожари, но деталниот, речиси пренос во живо од сателит, може да им овозможи на тимовите подобро да ја видат големата слика за подобро да ги дистрибуираат луѓето и ресурси.
На својата веб-страница, Earth-i тврди дека нивниот сателит VividX2 ќе може да помогне во напорите за помош при катастрофи, мониторинг на истекување на нафта, географско мапирање (благодарение на неговите 3D модели) и управување со големи трактати на обработливо земјиште.
А, да, може да врши и надзор и извидување за воени или приватни граѓани (далеку е од единствената компанија да ги нуди овие услуги). Откако ќе се пуштат повеќе сателити, компанијата се надева дека ќе им понуди на корисниците пристап до видео запис од 2 минути на одредена локација или да ги следат целите во движење како што се автомобили или авиони.