Дури сега, на возраст од 47 години, дознав што е вистинска љубов. Сепак, се двоумам дали да го напуштам моето семејство.
Досега, никогаш не сум се сомневала дека никогаш не сум знаела што е вистинска љубов… Со мојот сопруг сме во брак 25 години, имаме три деца – две девојчиња и едно момче. Отсекогаш сме се разбирале добро, живеевме добро заедно, и затоа мислев дека тоа е љубов. Меѓутоа, се покажа дека нема никаква врска со тоа, бидејќи пред две години, неочекувано, се сретнав со вистинската љубов и оттогаш работите се превртеа со главата надолу…
Веќе две години изневерувам и некако успевам да го правам тоа незабележано, за сега. Мојот сопруг не се сомнева во ништо, но не знам колку долго можам да продолжам вака.
Имам чувство на вина, а од друга страна, човекот со кој се гледам ме притиска да живееме заедно. Но, многу добро знам дека децата нема да ми простат, и таков чекор би значел дека ќе ги изгубам, иако тој вели дека не му пречи да живеат со нас. Мојот сопруг, исто така нема вина. Отсекогаш бил добар сопруг и татко, а фактот дека навистина не го сакам е всушност неговата единствена „грешка“.
Јас навистина не знам што да правам, па ве молам за совет.