Постојат неверојатни луѓе на нашата планета и Џими Гиленц од Северна Каролина е еден од нив. Џими е сопственик на бар „Кај Џими“. Пред неколку недели тој добил порака од една жена од Ново Мексико, која го загубила својот паричник во барот со прстен од 10.000 долари.
Џими брзо реагирал и почнал да ги проверува безбедносни камери. За среќа безбедносните камери „фатиле“ едно момче кое го земало паричникот кој бил забравен на клупата пред барот.
Џими ја споделил фотографијата од момчето на социјалните медиуми, додека жената го пријавила паричникот како украден на полицискиот оддел. Со помош на локалните жители, Џими го пронашол 17-годишниот Риверс Пратер.
Во тоа време Риверс живеел во шумата и го земал паричникот затоа што бил гладен, а немал пари за храна. Откако ги земал парите го фрлил паричникот во близина на еден канал во океанот.
Некои луѓе би оставиле полицијата да се справи со момчето и паричникот, но не и Џими. Тој ангажирал нуркачи да го побараат паричникот и на изненадување на сите, го пронашол, а прстенот сѐ уште бил внатре.
Откако открил со какви потешкотии се соочува младиот Риверс, Џими решил да го прими во неговиот дом и да му помогне да најде работа. Мислиме дека е фер да се каже дека ни требаат повеќе неверојатни луѓе како Џими.