Посетителка на трговскиот центар во Салвадор, Бразил снимил хуман чин, во кој еден вработен во ресторан за брза храна во трговскиот центар му помага на човек со една рака да јаде.
Жената која што го снимила видеото, Лаурина Викторија вели дека кога ги здогледала солзи почнале да течат од нејзините очи.
„Денес бев преплавена со емоции и со солзи во очите, кога ја видов оваа сцена на плоштадот за храна во северниот трговски центар. Човекот со инвалидитет во ногата и рацете веќе ме замоли да му ја донесам храната кога ќе биде подготвена. Кога станав, вработениот веќе беше на масата. Вработениот во ресторанот Жираф му ставаше храна во устата. Ова е вистинска хуманост, што е мнгу добра работа.“, напишала Лаурина.
Исто така жената го пофалила вработениот за неговиот хуман гест: „Отидов кај него и му реков: ‘Каков прекрасен гест, Господ да те благослови!’“