До сега се веруваше дека Јапонецот Масадзо Нонаки, кој има 112 години е најстариот жител на планетата, но јавноста не знаеше дека постои еден дедо во руската република Ингушетија, кој е 10 години постар од него.

Роднините на дедо Апаз Илиев велат дека тој се срами да ги кажува своите години, па затоа за неговата возраст не дознале голем број луѓе.

Претседателот на република Ингушетија изјави дека лично тој ќе се заангажира името на Апаз Илиев да се најде во Гинисовата книга на рекорди, наместо Јапонецот.

Сподели на Facebook
пати видено