Не мора да се истакнува дека треба да бидете многу внимателни кога се наоѓате во близина на лав или друго диво животно, но тоа не значи дека тие се ладнокрвни убиствени машини без никакви чувства. 69-годишниот Фрики Вон Солмс од Јужна Африка совршено добро го знае тоа, бидејќи последните единаесет години ги минал одгледувајќи го Зајон, нежниот африкански лав полн со љубов.
Зајон бил роден во заробеништво од лавица наречена Симба, но бил одделен од семејството поради стравувањата дека неговиот татко би можел да го убие. Растејќи со Вон Солмс, Зајон станал малку нежен и разгален – кога одат на шетање, Вон Солмс мора да се собуе бос, бидејќи звукот на неговите чевли ја дразнат големата мачка.
„Да се расте овој лав беше неверојатно искуство коешто се случува еднаш во животот, да се биде сведок на сите степени во неговиот развој додека да стане голем лав“, изјавил Вон Солмс за Дејли Мејл. „Луѓето зборуваат за лавовите како да се само лавови како и сите други, но и меѓу нив има различни личности, имаат хумор и се смејат. Зајон е нежен џин. Тој никогаш не нападнал луѓе и јас имам целосна доверба во него.“