Оставено под скали на температура под нулата, новороденчето било спасено од смрзнување од најнеочекуваниот херој – улична мачка кое неколку часа го топлела бебето со сопственото тело.

Мачката наречена Маша скокнала во кутијата во која било оставено бебето и го топлела додека станарите во зградата да го слушнат плачот и да ги најдат. Кога ги нашле, мачката била обвиткана околу момченцето и му го лижела лицето.

Претставник од болницата кадешто било згрижено бебето изјавил:
„Бебето поминало неколку часа на студот и благодарение на Маша, поминало без сериозни последици.“

ms-1

Надежда Маковикова, станарка во зградата кадешто се случил настанот во градот Обнинск во областа Калуга, Русија, за Рен ТВ изјавила дека се спуштила по скалите откако слушнала нешто како мјаукање на мачка во неволја. Но тоа не било никакво мјаукање, звукот бил плач на беспомошното бебе.

ms-2

Маша трчала по лекарите кога го однеле бебето во амбуланта.

„Беше толку загрижена за тоа каде го носиме бебето. Трчаше по нас, мјаукајќи. Изгледаше како сосема разумно суштество.“

ms-3

Бебето, момченце на возраст помеѓу два и три месеци, било оставено во чиста облека со пакет пелени. Било однесено во болницата кадешто по деталниот преглед било утврдено дека е во совршено здрава состојба и покрај часовите минати на студот.

Оттогаш мачката Маша од соседството се третира како локален херој.

ms-4

Сподели на Facebook
пати видено