Александар Кукулин 20 години работел како технолог во фабрика, но потоа го отпуштиле како технолошки вишок. Набргу потоа хулигани го претепале до смрт неговиот 23-годишен син, а потоа следел и разводот со сопругата. Поранешната сопруга го избркала од станот и така тој останал на улица, без покрив на главата. Да си го врати покривот над главата не му успеало ни преку суд, па така почнал да изнајмува една соба во станот на 40-годишната Татјана, која исто така неодамна поминала низ развод.

Еден ден Татјана го слушнала нејзиниот потстанар како плаче. Отишла во неговата соба, но тој не сакал да разговара со неа. Се испоставило дека на тој ден на човекот му бил дијагностициран рак на простата. Докторите му рекле дека со ништо не можат да му помогнат и дека му останале околу 4 месеци живот. Татјана го поддржувала Александар, но и му раскажала за нејзините проблеми. Така тие почнале да комуницираат и да се дружат, за по кратко време да сфатат дека се заљубиле еден во друг.

Александар ѝ кажал на својата нова љубов дека отсекогаш сакал да патува, а најголема животна желба му била да го посети древниот град Аркаим Челјабинската област. Набргу потоа тој се вработил во продавница за накит, но го сторил тоа за со намера да ја ограби продавницата. Една вечер пред затворање, го исклучил алармот и во текот на ноќта украл накит во вредност од околу 15.000 евра. Но, камерите за видео надзор го снимиле и наскоро нашиот херој се нашол зад решетки.

На судењето, тој мислел дека поради неговата здравствената состојба, нема да му досудат казна затвор, но судијата не мислел така. Дури и дополнителниот преглед, кој ја потврдил дијагнозата, не помогнал Александар да го избегне затворот.

Една година подоцна, Александар уште не ѝ се давал на болеста и го пуштиле од затвор, а украдениот накит никогаш не бил пронајден. Тој тврдел дека поради болеста заборавал и не се сеќавал каде е украдениот накит. Бидејќи немал вреден имот и не работел никаде, не можеле да му земат ништо.

По некое време, медиумите дознале дека парот отишол на патувањето, за коешто сонувал Александар. Тој го посетил древниот град Аркаим. Набрзо потоа, тој починал, а на прашањето со кои пари патувале, Татјана одговорила: „Тоа не е важно! Поважно е што: На смртната постела, Александар ме фати за рака и призна дека го напушта овој свет како среќен човек“.

Сподели на Facebook
пати видено