Легендарниот физичар ги расплака своите обожаватели кога дознаа дека платил голем број оброци за педесетина бездомници во Кембриџ на денот на неговиот погреб.

Додека погребот на светски познатиот научник се одржал на другата страна на Кембриџ, голем број на бездомници биле поканети на Велигденскиот ручек платен од страна на физичарот.

Ручекот се одржал во Весли Методистичката црква, помалку од еден километар од местото каде што ужалените се собрале во саботата за да го прослават животот на професорот Хокинг. Картичка потпишана од семејството Хокинг, била оставена на масите и им посочувала на 50-те гости дека оброкот е „подарок од професорот Хокинг“.

Организаторите на настанот, под водство на добротворната организација FoodCycle, рекоа дека луѓето „малку се расположија во чест на Стивен Хокинг, пред да почнат да јадат“.

Проф. Хокинг почина мирно во неговиот дом во Кембриџ на 14 март на 76-годишна возраст. Погребот бил проследен со приватен прием во колеџот Тринити. Пепелта на професорот Хокинг ќе биде закопана во близина на остатоците на Сер Исак Њутн во опатија Вестминстер на 15 јуни.

Сподели на Facebook
пати видено