Татко и мајка од Кина повторно се сретнале со нивната ќерка, за која тврдат дека била киднапирана од пазар во Ченгду, провинцијата Сечуан пред 24 години. Ванг Минкинг и неговата сопруга Лиу Денгуинг работеле на нивниот овошен штанд, кога нивната тригодишна ќерка Кифенг одеднаш исчезнала.

Двојката никогаш не се откажала од надежта дека ќе ја пронајдат нивната ќерка и желбата им се остварила по повеќе од две децении.

Откако 3-годишната Кифенг исчезнала нејзиниот татко го напуштил штандот на пазарот и станал таксист за да може повеќе да патува и да ја бара неговата ќерка. Ванг направил картички со информации и фотографија од неговата ќерка кои ги делел на сите патници и имал ставено постер од девојчето на автомобилот.

Откако нивната приказна повторно се појавила во весниците пред една година, еден уметник се понудил да им помогне и да ја наслика Кифенг, како би изгледала денес. 27-годишната Кифенг живеела само 20 километри од Ченгду, со посвоителите кои ѝ го дале името Канг Јинг.

Таа отсекогаш знаела дека е посвоена, но мислела дека нејзините родители ја напуштиле. Кога го видела цртежот на уметникот се зачудила колку девојката од цртежот личи на неа и решила да го контактира семејството. Со помош на ДНК тест било потврдено дека навистина станува збор за нивната ќерка.

„Отсега, татко ти е тука. Ти не треба да се грижиш за ништо. Твојот татко ќе ве поддржи.“, ѝ рекол Ванг на Кифенг. Кифенг која сега живее во провинцијата Џилин во северна Кина, се согласила да замине за Ченгду за повторно да се сретне со своето семејство на 3-ти април. Жената со себе ја земала и нејзината 1-годишна ќерка, за да ја запознаат.

Двајцата родители не можеле да престанат да плачат кога повторно се сретнале со нивната ќерка и ја направиле својата прва семејна фотографија.

Сподели на Facebook
пати видено