Неверојатно е како луѓето можат да прават чудесни и глупави работи во исто време. Се подготвуваме за патување до Марс, но не можеме да покажеме почит кон оние што страдале од судбината. Еден 37-годишен слеп човек се чувствувал разочарано кога патниците од Лондон не се откажале од своите места во тесниот воз за него и за неговото куче-водич.

Луѓето можат да бидат толку себични, се преправаат дека не можат да видат или да слушнат кога ќе прашам дали има слободно седиште. Толку е понижувачко кога се борам да најдам нешто за да се задржам и да го чувам [моето куче-водич] во исто време, ова е моментот кога ќе видите солза што тече по моето лице. Животот е доволно тежок.“, објаснува Амит Пател на Твитер.

Пател бил лекар пред да го изгуби својот вид пред 5 години откако бил дијаностициран со кератоконус. Оттогаш ја има Кика, која е само една од 5% од кучињата-водичи кои се обучени да ги водат своите сопственици на ескалатори.

„Кога го изгубив видот се чувствував многу осамено. Ако патувам со јавен превоз, јас понекогаш сум како исплашено момче.“, додава Пател. Тој тврди дека бил принуден да стои со грбот свртен кон вратата, додека Кика се лизгала на влажниот под во возот.

Пател напишал од Твитер профилот на Кика „во нејзино име“: „Отидовме на крајот на платформата додека истураше дожд а да можеме да се качиме на одреден инвалидски дел на возот, па дури и кога тато ми даде команда ‘најди седиште’, ниту еден патник не се откажа од своето место.“

Голем број на луѓе почнале да го поддржуваат и охрабруваат Амит на што тој одговорил: „Ви благодарам на сите за вашите љубезни пораки, за жал, да бидеме игнорирани кога бараме место е секојдневна појава за нас. Само малку љубезност би можела да ја промени целата ситуација.“

Пател за тоа има и доказ, видео кое го снимила камерата на Кики, за време на симнување од ескалатор. Една личност му вели на Амит тој и неговото куче да се тргнат од патот, додека Амит му се извинува. За среќа останатите луѓе околу него застануваат на негова страна.

Сподели на Facebook
пати видено