Саудиските жени минатата ноќ уживаа во поп-концерт со многу селфи фотографии направени во толпата, но за жал ниту една од нив не можеше да танцува, бидејќи им беше забрането да го сторат тоа од страна на властите.

Минатиот месец властите беа широко исмејувани откако пуштиле во продажба билети за конертот на египетската поп-сензација Тамер Хосни во Џеда со писмена инструкција дека танцувањето е „строго забрането“. На посетителите на концертот им било кажано дека жените и мажите ќе седат во различни области на арената.

И покрај ова, широко очекуваниот концерт кој бил распродаден за два часа и имал 6.000 посетители кои изгледаат дека добро се забавуваат. Тие „дури“ правеле и ѕвездено небо со мобилните телефони.

Со својот нов модел за „модернизација“, ултра-конзервативното кралство беше домаќин на серија концерти во последниве месеци од страна на уметници како либанскиот Хиба Таваџи и грчкиот композитор Јани.

Престолонаследникот Мохамед бин Салман, кој го води реформскиот нагон, се обидува да ги балансира непопуларните кратења на субвенциите во ерата на ниски цени на нафтата, со повеќе опции за забава – и покрај противењето од муслиманските верски екстремисти.

Реформата произлегува делумно од економски мотив за засилување на домашните трошоци за забава, бидејќи кралството се откажува по долготрајниот пад на цените на нафтата.

Саудијците сега исплаќаат милијарди долари годишно за да гледаат филмови и да ги посетат забавните паркови во соседните туристички центри како Дубаи.

Сподели на Facebook
пати видено