Сопругите на браќа близнаци од Мичиген ги родиле своите први деца на истиот ден, во истата болница. Џошуа Торингтон и неговата сопруга Денис му посакаа добредојде на нивниот син Џек во вторникот во 4:18 часот во медицинскиот центар „Менсон“ во Траверс Сити, Мичиген.
Сепак, 33-годишниот близнак бил изненаден кога не слушнал ништо од неговиот брат за посета на неговото прво дете. Но, еден час подоцна, Џастин Тортингтон му пишал порака на Џошуа дека и тој е во истата болница бидејќи неговата сопруга, Алекс Рафаел исто така ќе се породи.
„Тој ми рече, Хеј ќе дојдеме да ве видиме, но само да знаеш Алекс ќе се породи и само ние знаеме за тоа, не кажувај никому. Мислам дека не сакаа да ги го украдат нашиот ‘момент’ но не ни беше гајле за тоа.“, вели Џошуа. Џастин и Алекс ја добиле нивната ќерка Луси во 11:43 часот истиот ден.
И двете деца се роени на истиот ден, но датумите за породување на двете жени биле различни. Денис требала да се породи на 25 март, а Алекс на 8-ми април. Двете мајки велат дека бременоста во исто време им помогнала подобро да се справат со неа.
„Беше навистина убаво. Мислам дека нѐ збижи.“, вели Алекс. Двете нови деца ќе го доживеат она што секогаш го имале нивните татковци, а тоа е заеднички роденден.
И двете семејства изјавиле дека е можно тие да имаат заеднички роденденски забави. Џастин и Џош живеат близу еден до друг во северн Мичиген и очекуваат нивните деца да бидат блиски додека растат.