Четири браќа и сестри биле згрижени откако ги пријавиле своите родители за изразување на анти-британски, антисемитски и хомофобични ставови. Според децата тие исто така ги принудиле да гледаат видео со обезглавување на ИСИС. Станува збор за три момчиња на возраст од 10, 14 и 16 години и најстара сестра на возраст од 18 години.

Најмалото момче било толку вознемирено од „третманот“ на нивните родители што не можело да зборува.

Полицијата интервенирала откако 18-годишното девојче се јавило на бесплатната линија за советување на млади во Британија „Childline“. Детали за „физичка и емоционална злоупотреба“ биле откриени за време на сослушувањето во судот, а судијата пресудил најмалото дете да биде сместено во дом за згрижување.

18-годишното девојче изјавило дека тие биле држени дома, не им било дозволено да одат на училиште, биле изолирани од општеството и смееле да излегуваат само еднаш во три недели. Семејството кое е од сомалиско потекло сега е сместено во згрижувачки семејства.

Дам Естер Ранцен, основач и претседател на Childline, го нарече случајот „ужасен“. Од Врховниот суд велат: „Децата се жалат дека нивните родители изразуваат поддршка за екстремистичкото насилство и изразуваат антисемитски, анти-британски, хомофобични и анти-бели ставови во домот, што децата ги отфрлаат.“ Родителите, кои не можат да бидат именувани, ги негираат обвинувањата

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено