Алигатор долг 4 метри бил извлечен од базен во Нокомис, Флорида. Сопственичката на домот Патриша Карвер вели дека таа и нејзиниот сопруг спиеле кога околу полноќ слушнале врева од базенот. Тогаш нејзиниот сопруг излегол надвор и ѝ кажал да повика полиција, затоа што имаат алигатор во базенот.

Откако пристигнала полицијата тие повикале и специјалист за ловење на алигатори, кој го фатил животното и го отстранил од базенот. Снимките од базенот ги објавила локалната полиција на Твитер со опис: „Токму кога ќе помислиш дека забавата завршила ви се јавуваат дека алигатор плива во базенот #Никогашнеедосадно #СамоВоФлорида“.

Патриша вели дека нејзиниот двор е ограден и најверојатно алигаторот се намачил за да влезе. Додека експертот за алигатори вели дека поради местоположбата дворот и базенот му изгледале како една од локалните лагуни и поради тоа сакал да влезе и да се „освежи“.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено