Владимир Путин денеска им одговори на критичарите од Запад со тест на новиот руски балистички проектил „Сармат“. Видео снимката го покажува „непобедливото“ хиперсонично оружје кое излегува од подземјето на космодромот Плесетск во северна Русија. Ракетата лебди помалку од една секудна, пред да забрза во облак од бел чад.
Американските официјални лица озвучија зголемен аларм во врска со потенцијалната закана од хиперсонично оружје – оние што можат да патуваатпет пати повеќе од брзината на звукот или повеќе. Новото лансирање е прикажано на видео од 23-секунди објавено од руското Министерство за одбрана.
Оружјето може да ја менува својата траекторија, да прави брзи маневри и според самиот Путин да напаѓа како „како метеорит, како огнена топка“. Се очекува да започне со работа во 2021 година со одделот за стратешки ракетни сили со седиште во Ужур.
Со цел да го пресретнат Сармат, ќе бидат потребни најмалку 500 американски ракети за ABM, според Виктор Бондарев, претседател на Комитетот за одбрана и безбедност на рускиот сенат, а до неодамна командант на воздухопловните сили на земјата.