Католици на Филипините маршираат по улиците, се камшикуваат и ги сечат своите грбови со жилети во крвав религиозен ритуал за да се искупат своите гревови.
На грозоморни снимки од градот Пакил, околу 70 километри источно од Манила, се прикажани маскирани приврзаници кои извршуваат акти на „самонанесување на болка“ за одбележување на светата недела.
Тие се удирале со дрвени прачки, како што е опишано во католичката традиција на Исусовата прошетка до ридот Голгота каде што бил распнат. Вакви сцени се традиционални во малите градови, првенствено на католичката нација пред Велигден, како облик на обожавање, за кој се верува дека ги очистува гревовите, ги лечи болестите и ги исполнува желбите.
И покрај осудата од Католичката црква, големите толпи гледачи, вклучувајќи ги и децата, се собираат на улиците за да ги гледаат екстремните „верски претстави“. Некои верници дури и се распнуваат на крајот од маршот, од кои поголем дел се врзуваат за крстот или во екстремни случаи, кога се заковуваат за него.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!