Дали некогаш сте погледнале стара пиратска мапа и сте се запрашале што е работата со сите тие чудовишта на нив? Со години морепловците ги создавале овие мапи и на нив додавале ужасни суштества на кои наводно наишле. Овие суштества веројатно биле само делфини, фоки, морски крави и лавови, китови, но без знаењето на современата биологија, можеби им изгледале како змејови или ужасни чудовишта на тогашните морнари. Во тие времиња митот се преплетувал со реалноста и приказните за овие ѕверови ги плашеле жените на морнарите со генерации.

1603: Абрахам Ортелиус објавил мапа на која се прикажува чудовиштето наречено Стајпереидур, суштество кое наликува на кит и изгледа застрашувачки, но всушност се бори со опасните морски суштества како ајкулите за да спасува морнари.

ud01

1555: Морската змија е норвешки мит кој опстојува до ден денес во прикаските за криптоидното чудовиште од Лох Нес.

ud02

1621: Овој ѕвер се нарекува Јаскониус. Наводно Св. Брендан се закотвил на неговиот грб, но забележувајќи ги неговите крлушки, сфатил дека не е остров туку огромно чудовиште.

ud03

1573: Најверојатно овде се работи за раја, но морепловците ова суштество го нарекле Морски Орел, за чиешто фаќање кралевите распишувале богати награди.

ud04

1572: Тешко е да се каже што е инспирацијата за оваа морска химера, освен можеби халуцинации како последица на морска болест.

ud05

1570: На морнарите им се привидувале и сирени, што е запишано уште во старогрчките легенди, што воопшто не е за чудење со оглед на долгото време на палубата без жени. Но најверојатно се работело за обични морски крави.

ud06

1560: Морнарите од Средоземното море се плашеле од Херувимските фоки кои имале човеколики лица. Нив пак ги ловел волколикиут Зифиус.

ud07

1101: Во 12. век во Швајцарија се верувало дека секое сувоземно суштество си има свој аналог во морето, па оттука и – риба слон.

ud08

1250: Кракен е најверојатно најпознатото морско чудовиште. Митот потекнува од скандинавска бајка, и се раскажувало дека најопасното нешто во врска со него не се пипалата, туку вирот кој го создава.

ud09

1554: Моркиот бискуп сугерира дека постоеле и сирени католици.

ud10

1539: Олаус Магнус тврдел дека во Северното море над Германија скита морска свиња со остри заби, змејски стапала и очи насекаде низ телото.

ud11

1539: Олаус Магнус раскажувал и за морски носорог со големина од 3.5 метри живее веднаш до брегот на некои острови и се храни со џиновски ракови.

ud12

1567: На крајот мапите е продавале повеќе поради митолошките чудовишта прикажани на нив. Така на една од нив се нашла и оваа симпатична морска камила.

ud13

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено