Двајца мажи обвинети дека силувале 17-годишно девојче, биле соблечени до гола кожа и приморани да парадираат по улицата, додека група жени ги удираат.
На двајцата силувачи рацете им биле врзани и биле водени низ улиците на Јингкионг во североисточна Индија од лута толпа пред да бидат предадени на локалната полиција. „Јавноста направила такво нешто пред да ги предаде во полицијата.“, изјавил заменик генералниот инспектор Џон Нејхлаја.
Тој вели дека тинејџерката се согласила да излезе со еден од мажите откако се запознале на социјалните мрежи, но тврди дека тој и тројца негови пријатели ја силувале. Откако завршиле мажите ја оставиле девојката пред нејзиниот дом во 2 часот наутро, а храбрата девојка отишла во полиција следното утро.
Роднини, пријатели и соседи ги фатиле мажите, за кои се верува дека имаат околу 20 години и ги предале на полицијата „по парадата“. Полицијата уште трага по преостанатите двајца силувачи.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!