Њујоршкиот уметник и илустратор Кристоф Ниман го гледа светот на малку поинаков начин. Препознатлив е по своите насловни за New Yorker, Atlantic Monthly, The New York Times Magazine итн. Како дел од неговата креативна работа, секоја недела Ниман одвојува време да експериментира со различни визуелни концепти, од коишто повеќето ги споделува на неговиот Инстаграм профил. Овде се издвоени некои од најдобрите.