На почетокот на март во Пакистан се донесе закон за заштита на правата на трансродовите лица. Сега тие можат да си го менуваат полот, да наследуваат имот и се заштитени од дискриминација, доколку извршуваат државни функции. Така 21-годишниот Марвиа Малик стана првата ваква ТВ водителка на една локална телевизија. „Јас сакам да ѝ покажам на оваа земја дека ние не сме само предмети за потсмев, туку дека сме луѓе како и сите други“ – изјави таа.