Професорот на Државниот Уралски Универзитет во Русија имал афера со своја студентка, која била заразена со постирање сѐ и сешто на социјалните мрежи. Така откако се „средиле“ со професорот, таа постирала селфи фотографија во дуксерот на неговата сопруга, во нивниот стан. Фотографијата случајно дошла и до жената на професорот, која не молчела за ова, туку ја објавила фотографијата на својот профил, со текст во кој бара донации за да ѝ купат облека на кутрата студентка која ја носи нејзината облека.