На прв поглед оваа декоративна витрина не изгледа ништо особено. Стариот стил и украсите се елегантни, но инаку изгледа како сосема обичен мебел. Но ако се загледате повнимателно, ќе забележите некои сосема чудни детали. Како на пример, ги забележувате ли жлебовите околу дрвената кутија? И зошто книгите се поткренати? Тоа е така бидејќи со притиснување копче, т.е. со повлекување на книга која служи како рачка, оваа витрина се претвора во нешто како од филм за тајни агенти, и од горниот дел се појавува фиока со алкохол. За да се постигне ова било потребно само идеја, креативен ум и вештина и витрина од 60 долари.
На прв поглед изгледа како обична украсна витрина, но со притиснување на тајно копче се претвора во нешто прекрасно.
Витрината служи за чување алкохол и има скриена автоматизирана фиока за лесен достап.
Еве како изгледала витрината пред да се преуреди.
Потоа направил отвор на горниот дел за моторизираната фиока.
Потоа ја бојадисал витрината.
Задниот дел на мини барот е направен од стари буриња за бурбон.
Инсталирал старовремски прекинувач за внатрешното осветлување.
Прекинувачот ги активира светилките кои се со моќност од 20 вати, за да не создаваат прекумерна топлина.
Мини барот се придвижува со помош на моторизиран ТВ лифт на задниот дел.
Со повлекување на една од книгите, лифтот се активира.
Еве како изгледа внатрешноста на витрината.
И видете го сето тоа во акција!