Се предвидува дека кинеската вселенска станица Tiangong-1 ќе се сруши на Земјата за време на велигденските празници и дека Австралија ќе биде „зона на ударот“. Вселенската станица, чие име значи „небесна палата“ на кинески, беше лансирана во 2011 година и по завршувањето на своите научни мисии, беше деактивирана во 2016 година. Кратко по нејзиното пензионирање, гласини почнаа да циркулираат дека Кина ја изгубила комуникацијата со опремата од 8,5 тони и дека сега станицата „лута“ во орбитата.

„Изгледа дека тие ја изгубиле врската со станицата, па затоа немаат податоци за врската.“, изјавил д-р Каофенг Ву од Универзитетот во Сиднеј. Д-р Ву, вселенски инженер, објасни дека ако нема сигнална врска помеѓу вселенската станица и контролната кула на земјата, инженерите немале способност да управуваат каде сателитот ќе слета.

Откако е деактивирана, височината на вселенската станица постепено се намалува и сега објектот ќе орбитира и ќе падне на Земјата за време на велигденскиот викенд. Во моментов не се потврдува дали таинствената Кина може повторно да воспостави врска со Tiangong-1, што ќе им дозволи да ги пуштат моторите во последната минута за да избегнат судир со површината на Земјата.

Во моментов сателитот завршува со орбитирање на планетата на секои еден и пол часа со брзина од 28.000 километри на час, со траекторија која варира помеѓу ширина од 43 степени кон југ и 43 степени северно.

Ова ја става Австралија, Африка, Јужна Америка, поголемиот дел од САД и Југоисточна Азија во рамките на можната зона на удар. Ќе има видлива огнена топка кога вселенската станица повторно ќе влезе во атмосферата и ќе почне да се распаѓа.

Д-р Вилијам Аилор, аеровселенски инженер, објасни дека вселенската станица ќе се излупи како кромид на патот кон Земјата. Тој проценува дека околу 10 до 40 проценти од вселенската станица ќе преживеат и ќе се срушат на површината на Земјата.

Сподели на Facebook
пати видено