Дали некогаш сте морале да тргнете од дома час, два за да пристигнете на работното место навреме? Дали патувавте со автомобил или со автобус? Без разлика која опција ја користите, таа не може да се спореди со приказната за овој млад татко кој секој ден пешачел 9 километри за да пристигне на работа навреме, а потоа го поминувал истото растојание за да се врати дома. Неговата смена почнува во 4 часот наутро.

21-годишниот Трентон Луис работи за United Parcel Service(UPS) и никогаш не се пожалил на своите колеги дека станува во 2 часот наутро за да пристигне на работа во 4 часот. Најголемата мотивација на Трентот е неговата 14-месечна ќерка. Тој вели дека девојчето го има само него и тој мора да се грижи и да работи за неа.

Повеќе од 6 месеци Трентот секој ден одел пеш, без разлика какво било времето и понекогаш добивал превоз од возачите кои оделе во тој правец. Неговата гордост не му дозволувала да ги сподели проблемите со колегите. „Не сакав да ја изгубам работата, го направив тоа за мојата ќерка, тоа е.“, вели Трентон.

Сепак неговата тајна била откриена, сопружниците Кенет и Патроша Брајан, кои работата за UPS 40 години дознале за проблемот на Трентотн и одлучиле да организираат хуманитарна акција и да му купат автомобил на младиот татко.

Дури и колегите кои никогаш не го запознале Трентон донирале пари. Наскоро собрале 2.000 долари и му купиле автомобил, со кој го изненадиле на договорен „состанок“.

„Ова е мојот прв автомобил. Имам неверојатни луѓе околу мене“, вели Трентон. Првата личност која што ој ја возел во автомобилот била неговата ќерка. Тој вели дека никогаш нема да ја заборави добрината на неговите колеги.

Сподели на Facebook
пати видено