Несебичен млад татко загинал за да ја спаси неговата 3-годишна ќерка која се давела во ледено езеро. Тој влегол во езерото иако не знаел да плива. 24-годишниот татко, Антони Бургес стоел до неговиот автомобил и разговарал со пријател, 28-годишниот Боби Малон. Неговата 3-годишна ќерка која била во автомобилот почнала да се игра со менувачот на брзини и го ставила во рикверц. Автомобилот заедно со девојчето влегол во езерото.
Ниту Антони, ниту Боби знаеле да пливаат, но и двајцата се нурнале за да го спасат девојчето. За жал, Антони, таткото на девојчето се удавил. Антони стигнал до автомобилот пред да потоне под водата и му кажал на девојчето да се префрли на задното седиште пред да ја извлече од автомобилот.
Неговиот пријател се вратил на брегот затоа што не знаел да плива и не можел да продолжи, додека од другата страна на езерото случаен минувач влегов во езерото за да го земе девојчето од Антони. Таткото на девојчето исчезнал под водата, иако минувачот се вратил по него.
Спасувачката екипа го пронашла Антони, но тој починал во болницата по неколку часа. Неговата ќерка преживеала, но е во критична состојба. Пријателот на Антони, Боби објавил на социјалните мрежи текст во кој се восхитува на храброста на неговиот пријател, но исто така жали што не можел тој самиот да му помогне.