Еден пар од Ајдахо, кој бил во брак шест децении, знаел дека ниту смртта нема да може да ги раздели. 81-годишната Една Хантли почина на 20 март во нејзиниот дом во Нампа по битката со рак во доцен стадиум. Нејзиниот син, Кенет Хантли, изјавил дека неколку дена пред на почине Една рекла на пријател: Кога некој од нас умира, ја држи раката и го зема другиот.“ Помалку од еден час по смррта на Еден, починал и нејзиниот сопруг Боб.
„Ние сме многу благодарни што се случи на овој начин.“, изјавил Кенет. Тој вели дека неговиот татко не би издржал без сопругата со која ги поминал изминатите 63 години. На Една ѝ бил дијагностициран рак пред една година, а Боб веќе неколку години страдал од деменција.
Кенет вели дека татко му работел како мелничар во Вашингтон и Орегон. Неговата мајка била домаќинка. Двојката се преселила во Нампа пред две години за да биде поблиску до една од нивните ќерки. Нивниот внук Амон Тонел рекол дека сите се восхитувале на љубовта која ја имале неговите баба и дедо. Боб и Една имале пет деца, 20 внуци и 23 правнуци. Нивната приказна има сличности со филмот „Бележник“, каде што двајцата главни личности умираат еден по друг, во период од неколку минути.