Кога Фан Лунг од Кина, татко на пет деца, се решил да ја изневери неговата сопруга, сигурно ни во најцрните ноќни мори не го очекувал тоа што му се случи. Никој не сака да биде фатен во неверство, но што му се случило на Фан Лунг е просто лудо.
Оваа недела Фан испратил имејл на неговата љубовница употребувајќи го мобилниот телефон на неговата собруга и ја направил смртоносната грешка да не се одлогира од пред да го врати телефонот.
Кога нејзината 21-сопруга Фенг ги прочитала сочните електронски писма кои тој ги праќал на неговата швалерка, избувнала во љубоморен бес. Грабнала пар ножици и му го отсекла пенисот додека спиел.
Фан го однел својот отсечен пенис и го однел во локалната болница кадешто докторите успеале да ја закрпат ситуацијата.
Но Фан не знаел дека Фенг го следела до болницата и успеала да се прикраде во болничката соба и да му го отсече пришиениот пенис и го фрлила преку прозор.
Фен сиот потопен во крв ја избркал Фенг од болницата. И покрај деталната претрага не успеале да му го најдат пенисот на Фан. Во моментот Фенг се наоѓа во притвор под обвинение за нанесување тешки телесни повреди.