Дали е вистина дека е опасно да се остави телефон да се полни цела ноќ? Одговорот е не, не е. И ова не е единствениот мит за уредите што ги споделуваме со другите луѓе цело време. Време е да сфатиме во кои „факти“ за уредите треба да престанеме да веруваме.
Мит Бр.1: Колку повеќе мегапиксели толку подобра фотографија
Мегапикселите не влијаат на квалитетот или убавината на фотографиите, тие влијаат само на големината на фотографијата. Но, постојат многу други причини зошто фотографиите може да бидат полоши или подобри во квалитетот како оптика, големината на сензорот и вештините на фотографот.
Мит Бр.2: Не го оставајте мобилниот да се полни преку ноќ бидејќи ќе ви се оштети батеријата
Модерните телефони имаат литиум-јонски батерии и престануваат да се полнат кога се целосно наполнети. Но, дури и кога тоа ќе се случи, уредот сè уште привлекува мала количина на енергија. Значи, единствената причина зошто треба да го исклучите телефонот кога ќе заврши со полнењето е да заштедите малку пари.
Мит Бр.3: Добра мрежа значи добар квалитет на звук
Индикаторот ја покажува силата на сигналот што го примате од најблиската радио кула – не го прикажува квалитетот на врската или брзината на интернетот. Ако има многу други телефони што ја користат истата кула, може да имате проблеми со врската, дури и ако индикаторот е полн.
Мит Бр.4: Mек компјутерите немаат вируси
Нема оперативен систем кој е целосно имун на вируси. Но, постојат неколку теории за тоа зошто Mac компјутерите имаат помалку вируси. Прво, вирусите се создаваат за најпопуларниот компјутерски систем кој е Windows, а не Mac OS. Второ, Mac OS има помалку слаби точки, но тоа не значи дека е целосно имун. Mac компјутерите сѐ уште можат да се заразат, потребно е само поголем напор да дојдат до таков вирус.
Мит Бр.5: Инкогнито ги штити ваште податоци
Многу корисници едноставно не читаат што пишува во пребарувачот. Инкогнито само не ги меморира работите кои ги пребарувате, но секој надворешен извор може да ја следи вашата активност.
Мит Бр.6: „Освежи“(Refresh) прави сѐ да функционира побрзо
Оваа опција само ги освежува сите икони според најновите промени.
Мит Бр.7: Можете да користите само оригинални полначи
Оригиналните полначи го полнат мобилниот побрзо, но останатите алтернативни решенија не му наштетуваат на вашиот телефон и батеријата.
Мит Бр.8: Секогаш треба правило да го исклучите USB-уредот
Ако работите со USB-уред и не треба да ставате нешто на него, можете едноставно да го исклучите без притискање дополнителни копчиња. Кога ќе ја изберете опцијата за „безбедно отстранување“, системот само проверува дали сите промени се зачувани и дека ништо не се пренесува на USB-уредот.
Мит Бр.9: Не можете да го полните телефонот додека батеријата не е целосно истрошена
Ова не функционира за модерните литиум-јонски батерии. Всушност, таквите уреди најдобро се чуваат од 40 до 80% батерија, што значи дека не треба да почекате додека батеријата не е целосно исцедена.
Мит Бр.10: Скенерите на аеродромите ги оштетуваат мемориските картички
Скенерите на аеродромот можат да го оштетат филмот на не-дигитална камера, но тие не ги оштетуваат или бришат податоците од мемориските картички.