Еден пријател му се жали на друг:
– Ми дојде преку глава од оваа мојава! Кога и да се прибирам дома подоцна и поднапиен, влегувам по чорапи, тивко се соблекувам во бањата и многу внимателно легнувам во кревет, а мојата веднаш почнува да вика, да прави скандали. Ужас!
– А зошто не пробаш како мене. Јас кога си одам дома пијан, ја трескам вратата со сета сила, фрлам се на креветот до неа, ја штипнувам за задникот и и велам „Душо, ајде да удриме сега една партија!“ И никогаш досега не се разбудила.