Здравјето на еден човек директно зависи од неговиот животен стил. И затоа ние апсолутно мораме да ги следиме најновите научни откритија во врска со здравјето. На пример, научниците неодамна дознаа дека слабото светло нè прави глупави, пиењето топол чај може да биде крајно опасно, а во фитнес клубови има илјада пати повеќе бактерии отколку во јавните тоалети.

1. Стареењето на мозокот започнува на возраст од 25 години

Научниците од Медицинскиот универзитет во Гдањск, Полска и Универзитетот Ланкастер, Велика Британија научија како да го следат пулсирањето на спиналната течност. Благодарение на ова, научија дека фреквенцијата на пулсирање се забавува почнувајќи од 25-годишна возраст, што значи дека човечкиот мозок почнува да старее на возраст од 25 години, а не на 40 години, како што претходно се веруваше.

2. Повеќе бактерии се наоѓаат во теретани отколку во тоалети

Според едно истражување ризикот од инфекција во теретана е многу поголем од оној во јавнен тоалет. Студијата открила дека има 326 пати повеќе бактерии во теретаните отколку на секоја ВЦ школка. Покрај тоа, повеќе од 70% од бактериите се потенцијално опасни за луѓето, бидејќи лесно можат да предизвикаат грип или кожна болест. Како најзагадени справи во теретаните според студијата биле лентите за трчање и статичниот велосипед. Специјалистите препорачуваат да ги земате наједноставните мерки на претпазливост: користете антибактериски марамчиња, не го допирајте лицето со рацете и не одете боси.

3. Спиењето може да ја отстрани желбата за шеќери

Научниците од Кралскиот колеџ во Лондон, Велика Британија, спроведоа експеримент со 42 совршено здрави волонтери со нормална тежина, кои спиеле помалку од 8 часа во текот на ноќта. Половина од учесниците морале да спијат повеќе од вообичаено еден месец. Исто така, учесниците биле замолени да напишат сè што јаделе.

На крајот на експериментот, времетраењето на сонот се зголемило во просек за 21 минута. Анализата покажала дека дури и ова незначително зголемување на спиењето довело до намалување на потрошувачката на слатка храна за 10 грама дневно, што е една третина од дневната норма. Исто така подолгото спиење, говело до намалување на интересот на јагленохидратите.

4. Топлиот чај може да го зголеми ризикот за развој на рак

Кинеските лекари тврдат дека е опасно да се пие топол чај. 9 години, лекарите ги следеле навиките за јадење и здравјето на речиси 500.000 луѓе на возраст од 30 до 79 години. Специјалистите пронашле 1.731 случаи на рак на езофагија кај субјектите.

Научниците исто така откриле дека оваа болест била пронајдена 5 пати почесто кај пациентите кои редовно пиеле топол чај. Лекарите направиле заклучок дека пијалоците потопли од 149 ° C можат да им наштетат на внатрешните органи. Дополнително, овие компликации често се предизвикани од пушење и пиење. Сите овие лоши навики може да доведат до рак.

5. Слабото светло нè прави глупави

Научниците од Државниот универзитет во Мичиген спровеле студија со која покажала дека е во слабо осветлени простории се влошува продуктивноста на мозокот. За време на експериментот, глувците биле чувани во услови во кои имало малку светлина. За луѓето, мрачниот зимски ден може да има ист ефект како слабо осветлена просторија.

Како резултат на тоа, глувците кои живееле во потемни услови заборавиле поголем дел од она што го научиле претходно и тие речиси и не ги извршувале задачите кои ги извршувале лесно пред експериментот. Кога глувците подоцна биле чувани на светла дневна светлина, продуктивноста на нивните мозоци се вратила целосно.

6. Имагинацијата може да помогне во намалувањето на болката

Психолог од Универзитетот Леден, Каја Пирдеман, направила интересно откритие кога го проучувла плацебо ефектот. Се испостави дека ако замислите дека примањето инјекција е безболно, всушност може да имате помалку болка. Ова беше докажано за време на експериментот каде што учесниците беа замолени да ја стават раката во ладна вода.

Потоа, тие биле замолени да го направат тоа повторно, но притоа требало да замислат дека нивните раце се заштитени со водоотпорна ракавица. Изненадувачки, плацебо ефектот функционирал и учесниците навистина почувствувале помалку болка кога ги ставале своите раце во студената вода додека ја користеле нивната имагинација.

7. Мускулите стареат поради мутации во матичните клетки

Една нова студија на истражувачите од Институтот Каролинска во Шведска покажува колку неочекувано голем број на мутации во матичните клетки на мускулите може да ја нарушат регенерацијата на клетките. Тие открија дека до 70-тата година секоја матична клетка претрпела повеќе од илјада мутации. „Кршењето“ на ДНК е последица на клеточната поделба.

Но, на млада возраст, механизмот за враќање на нуклеинската киселина функционира многу добро во споредба со тоа кај постари лица. Сега научниците сакаат да дознаат дали физичката активност во старост може да го забави овој патолошки процес.

8. Раната ќелавост може да биде знак за срцево заболување

Во текот на оваа студија беа набљудувани повеќе од 2.000 млади мажи кои живеат во Индија. Научниците откриле дека оние кои имале кардиоваскуларни проблеми станале ќелави рано или нивната коса станала сива. Значи, почетокот на ќелавост кај мажи помлади од 40 години може да биде знак за претстојните проблеми со кардиоваскуларниот систем.

9. Гордоста ги спасува старите луѓе да не паѓаат

Како што веројатно знаете, постарите лица почесто паѓаат од млади луѓе поради повеќе причини. Главните причини се лош вид, проблеми со нозете и седентарен животен стил. Но, научниците од универзитетите во Абердин и Стерлинг спроведоа неколку студии и открија дека старите лица кои се самоуверени и горди паѓале 19% помалку од оние со ниска самодоверба на иста возраст. За време на идните истражувања, тие ќе се обидат да ги разберат механизмите кои го објаснуваат овој интересен феномен.

10. Откриена е тајната на долговечноста

Научниците од Северозападниот Универзитет набљудувале група на луѓе на возраст од 80 до 100 години кои немале ниту најмали знаци на деменција и ја откриле тајната на нивната долговечност. Треба да знаете дека повеќето од субјектите на оваа студија биле редовни пушачи, пиеле алкохол, сакале кафе, немале специјална диета, а некои дури и јаделе штетна храна како што се помфрит и хамбургер и ниту еден од нив не спиел 8 часа ноќ како што препорачуваат лекарите. Но, сите учесници биле слични по тоа што имале многу оптимистички поглед кон светот, биле емотивно стабилни и социјално активни.

Водечкиот автор на студијата, професорот Емили Рогалски, дошла до заклучок дека позитивниот поглед на животот нѐ штити од деменција подобро отколку добра исхрана или отсуство на лоши навики.

Сподели на Facebook
пати видено