Компанијата „Nice Architect“ од главниот град на Словачка, Братислава, стои зад овие генијални, независни живеалишта. Тие се опремени со систем за собирање на дождовница, соларни панели и турбина на ветер. Капсулите се со внатрешна површина од 8 квадратни метри и може да се користат како привремено живеалиште, туристички куќи или истражувачки станици. Тие лесно се транспортираат и можат да се инсталираат речиси секаде, обезбедувајќи им на жителите не само место за спиење и одмор, туку и тоалет, туш и кујна. Архитектите исто така се погрижиле за удобната температура во внатрешноста на капсулата, која се регулира со системот за климатизација. Единствен проблем кој и не е така мал е цената. Доколку сакате да бидете меѓу првите што ќе имаат ваков мини дом, ќе треба да платите 80.000 евра, а доколку имате време да чекате, од компанијата најавуваат пониски цени во блиска иднина.

Сподели на Facebook
пати видено