Невенчан пар од Индонезија бил полиен со фекалии од канализација, како понижувачка казна според шеријатскиот закон, затоа што биле обвинети за „промискуитет“. Младиот маж и неговата девојка биле обвинети дека останале сами во соба, а не биле венчани, нешто што е забрането според шеријатскиот закон.
Тие биле извлечени на улица во селото Каеи Ли во Ацех, на островот Суматра и биле присилени да молчат додека им истурале фекалии од канализацијата врз главите. Снимките од јавното понижување прикажуваат како момчето облечено во кафеава маица и фармерки седи пред одводот со наведната глава, а до него седи млада девојка со шамија на главата. Еден човек ги посипува со фекалии, а од толпата се слушаат извици: „Она што го направивте е против Исламот! Ова треба да послужи како лекција за вас!“
Полицијата пристигнала на местото на анстанот неколку минути подоцна и го однеле парот во полициската станица, каде што се наоѓа официјалната полиција за моралот, откако им дозволиле да се исчистат во поток. Шефот на полицијата и м кажал на новинарите дека 18-годишната девојка отишла во куќата на нејзиното момче, кое во тој момент било само дома. Соседите се посомневале дека ќе имаат сексуални односи и насилно ги извадиле од куќата за да ги казнат.
„Моралната полиција“ ќе спроведе истрага за да утврди дали е сторено кривично дело „промискуитет“, што е казниво со 100 удари од трска, парична казна еднаква на 150 гр. злато или 15 месеци затвор. И покрај постоењето на морална полициска сила, селаните честопати ги земаат работите во свои раце и ги казнуваат „грешниците“.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!