На местото каде што денес се наоѓаат величествените паркови Намба во Нанива-ку, во Осака, Јапонија, некогаш стоел стадионот за бејзбол. Отворен во 1950 година со капацитет за 32.000 луѓе, стадионот бил дом на бејзбол тимот Нанкаи Хокс, но кога Хокс се преселиле на стадионот Хеивадаи во 1988 година, стадионот бил продаден на градот Фукуока.
Во текот на следните две години, стадионот Осака станал привремен дом на Кинтесу Бафала, кои тука играле околу десетина натпревари. Последниот официјален бејзбол натпревар се одржал на 2 август 1990 година. Долго време пред стадионот да бил продаден на градот Фукуока, било одлучено дека местото требало да биде дел од проектот за обнова на областа Намба.
Но, неизбежното било одложено до крајот на 1990-тите и на стадионот било одржано Националното првенство во бејзбол во средното училиште, а во текот на сезоната се одиграле дури 72 натпревари. Една од најинтересните реконструкции на стадионот се случила во 1991 година.
Трговска група ја изнајмила локацијата и ја искористила за да ги презентира различните макети на домови од неколку градежни компании. Целата арена била трансформирана во мини станбена населба со лажни улици, улични светилки и со автомобили паркирани надвор од домовите. Куќите биле уредно распоредени во редови и светлата биле вклучени за да се создаде илузија дека некој навистина живее во домовите. Глетката била прилично чудна.
Неколку години подоцна, фотографиите од оваа изложба почнале да циркулираат преку пораки и социјални медиуми неправилно опишани како „Бејзбол стадион кој бил пренаменет во станбен кварт.“
Според друг фотограф, Нед Бенел, кој се сеќава дека одел на стадионот со момчињата за да ја следи играта на Хокс, изложбата на куќи била неуспешна бидејќи Јапонците не биле заинтересирани за домување во западен стил и квалитетот на изградбата не бил во согласност со нивните очекувања.
Нед можеби греши, затоа што судејќи според датумите на фотографиите изложбата траела најмалку 8 години, што е прилично долг период за некој кој што работи со загуба.