Секој си има свој вкус кога станува збор за избор на партнер и нема конкретни правила кои можеме да ги пратиме за да придобиеме одредена личност. Но, според научниците некои работи се попривлечни од другите. Ова се 9 научни факти кои објаснуваат што ги прави мажите попривлечни за жените.
1. Кариера во „најпосакуваните“ професии
Не е изненадување што изборот на работа може да влијае на вашиот љубовен живот. Апликацијата за запознавање Тиндер открива дека најголем дел од жените избираат да се запознаат со мажи кои работат како пилоти или пожарникари. Претприемачите, лекарите и ТВ / радио личностите исто така влегуваат во првите пет. Што го потврдува стереотипот дека „жените сакаат мажи во униформи.“
2. Да поседува куче
Рупин Академскиот Центар во Израел и Универзитетот во Мичиген спровеле експеримент каде што истражувале како поседувањето на куче ја подобрува машката атрактивност за краткорочни и долгорочни односи.
Тие зеле 2 експериментални групи на мажи. Првата група била наречена „прељубници“. Тие биле невери и се расправале со својот партнер. Другата група беше опишана како „татковци“, кои напорно работеле и се грижеле за децата.
И покрај тоа што „прељубниците“ биле неверни, жените ги одбирале нив бидејќи имале куче. Некои од жените дури и ги сметале „прељубниците“ со куче за попривлечни од „татковците“ со куче. Поседувањето на куче го прави мажот да изгледа посмирен, посреќен и спремен да започне долгорочна врска.
3. Носење на маица со Т буква
Од Универзитетот Нотингем Трент беше направено откритие дека мажите изгледаат попривлечни доколку носат обична бела маица со голема Т буква на неа. Ова е предизвикано од визуелниот ефект кој го прави Т буквата. Ремениците изгледаат пошироки а половината тесна.
4. Џорџ Клуни ефектот
Научна студија покажа дека жените преферираат постари мажи. Тоа се објаснува со фактот дека жените бараат финансиски независни и убави партнери кои можат да ги обезбедат. Како повозрасен човек, тој има повеќе можности да го зголеми својот статус и ресурси. Некои психолози го нарекуваат тоа „Џорџ Клуни Ефект“. Студијата сугерира дека, како што дамите стануваат се повеќе финансиски независни, уште повеќе ги привлекуваат постарите мажи.
5. Глуми неосвоив
Студијата објавена во Psychological Science покажала дека глумењето на неосвоиво момче може да биде корисно во почетокот на врската. Студијата вели дека неизвесноста во машките постапки за тоа дали навистина му се допаѓа жена или не ја прави навистина заинтересирана за него.
6. Да остане резервиран
Според една студија од Универзитетот во Британска Колумбија, жените сметаат дека „ладните“ мажи се поатрактивни. Испитаните жени рекле дека ги преферираат мажите кои изгледале моќни, горди или мудри. Тие ја рангирале среќата како најмалку атрактивен квалитет. Тоа докажува еден од најпознатите родови стереотипи дека девојчињата ги сакаат „лошите момчиња“. Истражувањето било врз основа на првиот впечаток. Што не значи дека жените би го избрале овој тип на маж за момче или сопруг.
7. Длабок сонлив глас
Една студија тврди дека жените ги оценуваат длабоките машки гласови како попривлечни. Објаснувањето дадено од научниците е доста едноставно. Тие велат дека се заснова на големината на телото. Мажите сметаат дека високите женски гласови се поатрактивни, бидејќи добиваат сигнал дека говорникот има мало тело. Жените избираат длабоки машки гласови, бидејќи тие покажуваат дека сопственикот е крупен. Постои уште една суштинска особина. Тивкиот и сонлив глас е префериран од страна на дамите затоа што мажите така звучат помалку агресивни и лути.
8. Црвена облека
Експеримент што го спровеле научниците открил дека жените се повеќе привлечени од мажите облечени во црвена боја. Тие ја споредиле физичката привлечност на мажите со црвена, зелена, сива и сина боја.
9. Фотографии со контекст на висок статус
Една студија спроведена од Институтот на Универзитетот во Велс покажа дека мажите можат да ја подобрат привлечноста едноставно ако манпулираат со статусот. Истражувањето открило дека истиот маж, облечен во иста облека, може да привлече повеќе внимание од жените доколку е фотографиран до скап автомобил.