Сер Џејмс Пол Макартни можеби има проценето богатство од 780 милиони фунти, но легендата на Битлси сака да патува скромно. 75-годишниот Макартни бил забележан како брза да влезе во воз, пред возот да застане на железничката станица Charing Cross.
Наместо да оди во првата класа, Пол се сместил во втората класа, помеѓу обичните патници и нивните велосипеди. Тој се трудел да остане неприметен за време на неговото патување.
Но, еден од патниците 27-годишниот Оли Вонг го забележал Пол. „Тој зборуваше на телефон, велејќи ‘Успеав да се качам во возот, сега сум во возот’ Го погледнав и веднаш си помислив ‘Тоа е Пол Макартни!’ Не ми се веруваше дека патува во втора класа како мене.“, вели Оли.
Оли успеал да ја сними скромноста на Макартни, но вели дека не сакал да му смета бидејќи Пол изгледал како да сака да избегне публицитет. „Не сум баш срамежлив кога ќе видам позната личност, но можев да приметам дека тој не сака вниманието да биде свртено кон него, па затоа продолжив да го набљудувам и го снимив пред да се симнам на мојата станица по 10 минути.“, изјавил изненадениот патник. Тој не знае дали некој од останатите патници ја препознал легендата на Британија.
Нема информации за тоа каде точно патувал Макартни, но голем број од луѓето кои го познаваат изјавиле за него дека тој секогаш е скромен и приземен човек.