Американската корпорација Walmart поднесе 16 страници до американската влада во кои се наброени шест патенти кои се однесуваат на автоматизација на фармите. Ако сѐ оди според планот „пчелите дронови“ наскоро ќе се појават на хоризонтот. Оваа вест го зиненади светот токму поради тоа што мултинационалната корпорација е позната по нивните хипермаркети, продавници и стоковни куќи ширум светот.
Технички нарекувани „опрашувачки беспилотни летала“, автономните роботски пчели би можеле да помогнат да ги компензираат загубите предизвикани од намалување на популацијата на пчелите со користење на сензори и камери за носење на полен од едно растение до друго.
Но, тоа е само еден патент. Во плановите за останатите пет, Walmart исто така нагласува како да го следи оштетувањето на културите користејќи машини за следење, откривање и идентификување на штетници и да дејствува како „страшило“ од новата ера за да ги избегнат досадните птици. Друг патент нуди подобрување на механизацијата за хемиско прскање на културите.
Меѓутоа, некои научници велат дека иако може да има потенцијал за роботски пчелиа, треба да работиме на заштита на биодиверзитетот што го имаме, а не само да го замениме со машини. Пчелите опрашуваат речиси една третина од храната што ја јадеме, но умираат со невидени стапки. Според патентот, намалувањето на пчелите доведува до намалена плодност, биодиверзитет и производство на култури.
Во 2013 година, Харвард првпат ги претстави “RoboBees” кои летаат и лебдат во воздухот, но тие мораа да бидат прикачени на извор на енергија, проблем кој Walmart тврди дека може да го надмине.