Стивен Хокинг беше гениј кој ги решаваше проблемите за просторот и времето со преголема умешност, но отворено призна дека жените се најмистериозните нешта во универзумот. Професорот Хокинг рекол дека спротивниот пол е „целосна мистерија“ која тој се обидувал да ја реши за време на неговиот истакнат живот.
Мајката на Хокинг дала изјава дека кога бил млад, Стивен уживал во забавите и секогаш му се „допаѓале убавите девојки, само убавите.“ Долги години тој исто така имаше постер на неговата омилена пин-ап Мерилин Монро на неговата врата од тоалетот и за неговиот 60-ти роденден имитаторка му ја пеела I Want to Be Loved by You, а кан-кан девојки, наводно се влечеле по неговиот стол.
Еди Редмејн, кој го играше Хокинг во оскаровскиот биографски филм The Theory Of Everything, го опишал Хокинг како „женкар“ со некој вид на „стар и кул сексапил“.
Професорот од Кембриџ се оженил со својата прва љубов Џејн две години по неговата катастрофална дијагноза на болеста на мозочните неврони во 1963 година и таа се грижеше за него со децении. Тие се запознале на Универзитетот во Кембриџ, каде што таа студирала современи јазици.
Но, тие се разведоа во 1991 година, со лоша разделба што ги влошило односите помеѓу Хокинг и неговите деца Луси, Роберт и Тим. Професорот Хокинг потоа се оженил со медицинската сестра Елејн Месон во 1995 година на церемонијата на која не присуствувала неговата прва жена и децата.
Тие се разведоа во 2006 година – две години откако медицинските сестри кои се грижеле за Хокинг пријавиле во полицијата дека г-ѓа Хокинг физички и емоционално го злоупотребувала својот сопруг. Никогаш не било покренато обвинение и професорот Хокинг секогаш негираше дека бил нападнат.
Имало повеќе тврдења дека Елејн физички и психички го малтретирала Хокинг, така што го оставала на жешкото сонце, му го земала компјутерот за говор, го навредувала дека е инвалид и слично, вклучувајќи и јавно фрлање на предмети на предмети од страна на Елејн во болницата каде што бил сместен Хокинг.
Сепак поголемиот број од луѓето веруваат дека Стивен Хокинг не сакал да го признае злоупотребувањето затоа што бил горделив човек.