Живееме во 21-от век, но сѐ уште ја пегламе облеката рачно и рачно ги пресметуваме калориите. Можеби е време да ги предадеме овие задачи на електронските асистенти, особено затоа што некои од нив се веќе достапни во моментов.
Огледало што може да ги замени експертите за убавина
Уредот ќе го процени вашето лице на скала од 0 до 100, ќе ги анализира ефектите на кремите и другите козметички производи кои ги користите и ќе ви даде детален извештај и препораки за нега на кожата врз основа на анализата. Ова прекрасно огледало чини 360 евра, што не е толку скапо во споредба со услугите на експерти за убавина. Уште еден бонус е преку оваа огледало можете да гледате видеа на Јутуб, а исто така возможно е и да порачувате производи од Амазон со негова помош.
Очила со терапевтска светлина за справување со заморот
Принципот на очилата се базира на фактот дека нашите биолошки часовници се регулирани со светлина која придонесува за развој на мелатонин кој пак, е регулатор на нашиот дневен ритам. Ако патувате на исток, тогаш очилата треба да се носат наутро 60 минути. На овој начин, ќе бидете во можност да заспиете во вечерните часови без никакви проблеми откако ќе стигнете до вашата дестинација. Ако патувате на запад, уредот ќе треба да се носи навечер за да не се заспие премногу рано и да не страдате од ноќни будења. Цената на направата е 299 долари.
Роботизирана перница за несоница
Не само што оваа перница ви помага да заспиете, туку исто така ја намалува анксиозноста и помага да се ослободите од стресот. Роботот го анализира ритамот на дишење на лицето и тивко се прилагодува на него на таков начин што го олеснува заспивањето. Исто така можат да се пуштат релаксирачки звуци или музика, во зависност од изборот на корисникот. Перницата чини 412 евра. И покрај високата цена, има многу луѓе кои сакаат да ја нарачаат, бидејќи несоницата е нешто од што страдаат многу луѓе од целиот свет.
Паметни чорапи
Паметните чорапи попрецизно ја следат физичката активност, ги бројат изгорените калории и дури можат да му помогнат на корисникот да ги одбере најсоодветните спортски патики за него. Овие чорапи можат да се перат во машина и чинат 199 долари.
Иновативен уред за чистење на забите
Нека не ве збунува нестандардниот изглед на четката за заби и подеднакво необичниот уред од забен конец. Нивната необичност е предност бидејќи ви овозможуваат да ги измиете сите заби за само 6 секунди. Секоја четка е направена врз основа на 3D скенирање на усната шуплина и чини од 75 до 100 долари.
Перница за бебиња која го прочистува воздухот
Филтрите вградени во перничето можат да го прочистат воздухот од автомобилски издувни гасови, смог и слично. Уредот создава еден вид воздушен меур околу главата на детето и не дозволува вдишување на штетни материи. Приближната цена е 200 долари, а филтрите за замена ќе чинат 5 долари. Исто така перницата ги предупредува родителите кога загаденоста е преголема. Таа ќе биде пуштена во продажба оваа лето.
Шатор за одмор на секое погодно место
Шведската компанија која ја добила идејата за создавање на пренослив шатор признава дека е инспирирана од куќите направени од перници и ќебиња – што секој од нас ги сакал како дете. Возрасниот живот е полн со стрес, па зошто да не се опуштите и да бидете сами најмалку 5 минути? Овој шатор чини 99 долари.
Очила за избор на вистинскиот диоптер
Овие очила ќе бидат корисни за луѓето кои страдаат од губење на видот поради возраста. Тие се базираат на принципот на двоглед или микроскоп и ви дозволуваат да ја смените фокусната должина со едноставно движење на раката. Сопствениците на овој изум повеќе нема да мора да купат неколку пара очила, бидејќи сите активности можат да се изведат со помош на еден пар. Цената на очилата започнува од 89 долари.
Интерактивен фрижидер
Паметниот фрижидер на Самсунг ја фотографира својата содржина и ја испраќа фотографијата до сопственикот, така што тој знае кој производи да ги купи. Тој, исто така, предлага различни рецепти. На екранот е можно да нарачате состојки на интернет, да ја дознаете временската прогноза, да слушате музика или да гледате видео. Овој фрижидер е поскап од обичните и чини 3.499 долари.
Уред за пресметување на калории во подготвено јадење
По својот изглед, уредот наликува на микробранова печка. За да го пресметате бројот на калории во подготвено јадење, треба да ја отворите вратата и да ја поставите чинијата внатре; дополнително мелење на компонентите и други манипулации не се потребни. Системот независно ќе ја анализира храната врз основа на 3 критериуми и ќе го прикаже резултатот на екранот или на екранот на вашиот паметен телефон.
Автоматска машина за пеглање
Овој апарат ќе ја преземе рутинската работа што речиси никој не сака да прави – пеглање. Машината ќе се справи подеднакво со синтетички, природни и деликатни ткаенини како свила или волна. Таа може да работи со 12 елементи во исто време, што ќе ви заштеди време.
Облеката се обработува со специјално дизајнирана топла преса, која суши и пегла, а потоа автоматски се отвара и облеката излегува надвор. Продажбата на машината за пеглање уште не е започната, но и покрај цената од 930 долари, веќе постои листа на чекање на луѓе кои сакаат да ја купат.