Ова е неверојатниот момент кога новороденчето го изнесуваат од Црвеното Море во Египет, откако една туристка од Русија допатувала во туристичкото место за да се породи во водата.
Хадиа Хосни Ел Саид ги снимила сликите од балконот на станот на нејзиниот чичко во Дахаб, северно од Шарм ел Шеик, на кои се гледа како новиот татко помага да се изнесе новороденчето на копно. Неколку моменти подоцна и мајката се појавила на плажата и изгледа како само да била на пливање, пред да биде повторно обединета со своето дете.
Хадиа вели дека постариот човек што го носи бебето е доктор специјализиран за раѓања во вода, што значи дека породувањето било однапред договорено. Бидејќи Хадиа ги објавила фотографиите на Фејсбук, тие станале вирални и привлекле многу коментари од луѓето.
Идентитетот на мајката не е откриен, ниту пак состојбата на бебето, иако изгледаат прилично добро по породувањето. Хадиа вели дека бремената жена влегла во морето и почнала да плива, а по неа влегол и нејзиниот партнер и постариот човек(лекарот), кој ѝ помогнала да го роди бебето.
По раѓањето, плацентата била ставена во сад пред бебето да биде изнесено од водата. Уште едно дете ги чекало на плажата пред да биде сплотено целото семејство.