Сопственичка на градинка е осудена на 21 година затвор, затоа што ги дрогирака децата со мелатонин и ги оставала сами додека одела во теретана и во солариум. Речиси десетина родители сведочеле против Јануари Неатерлин која била сопственичка на градинката „Little Giggles Daycare“ во Орегон, САД.
Едно од семејствата сведочело дека нивната ќерка доживеала повреда на мозокот, во согласност со „синдром на тресени бебиња“. Другите родители тврделе дека нивните деца имаат нарушување во спиењето, откако поминале одреден период во градинката на 32-годишната Јануари.
„Таа постојано администрирала средство за спиење во соба полна со доенчиња и мали деца за да ги исполни своите нарцисоидни потреби. Во нашето општество нема простор за такви чудовишта. Јануари нема почит кон човечкиот живот“, рекол еден родител. Нетерлин ја прочитала изјавата на суд, се извинила и побарала прошка.
„Сите прават грешки, но не сите ја преземаат одговорноста за тие грешки. Со тоа, се надевам дека судот и родителите ќе го прифатат моето извинување. Јас направив многу лоши одлуки, и тоа засекогаш го промени мојот живот, па дури и го заврши.“, изјавила низ солзи Јануари во судницата.
Јануари оставила седум деца кои се на возраст од шест месеци до четири години во нејзиниот дом во осум различни прилики меѓу 3 март и 15 март 2017 година – денот кога таа била уапсена откако полицијата добила дојава и поставил енадзор пред нелегалната градинка.
Службениците гледале како родителите ги оставале своите деца, а потоа ја виделе Јануари како си заминува со автомобилот неколку часа подоцна. Од страв за безбедноста на децата, полицајците влегле во домот и ги нашле децата без надзор. Сите деца биле во спалната соба и изгледале поспани, поради мелатонинот. Едно од помалите деца лежело во својата повраќаница. За тоа време Јануари била во солариум и во теретана.
Градинката на Јануари била неколку пати затворана, затоа што не требала да се грижи за повеќе од три деца и не ја обновила дозволата од 2012 година.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!