Евони Вилијамс, вработена како келнерка во Texas Waffle House добила стипендија од Јужниот Универзитет во Тексас, во вредност од 16.000 долари, затоа што се појавила фотографија на социјалните мрежи од неа како храни постар човек. 18-годишната девојка му помогнала на Адриан Чарпентиер да јаде, бидејќи тој неодамна бил на операција и не можел добро да ги користи рацете. Некој од гостите го забележал доброто дело на Евони и ја фотографирал, а фотографијата станала вирална на социјалните мрежи.
Адриан често го посетувал Texas Waffle House и вели дека има неколку здравстени проблеми, а поради операцијата не можел тој ден да ги користи рацете.
Девојката која ја фотографирала случката, Лаура Вулф напишала: „Не знам како се вика, но постар човек ѝ кажа дека рацете не му функционираат баш најдобро. Тој исто така беше на кислород и се бореше да дише. Без двоумење, таа почна да ја сецка шунката во неговата чинија. Ова можеби изгледа како мал гест, но сигурна сум дека за него е огромен. Благодарна сум што видов ваков чин на добрина и грижа на почетокот на денот кога сѐ во овој свет изгледа толку негативно. Кога сите би можеле да бидеме како оваа келнерка и да одвоиме време за да помогнеме.“
Фотографиите стигнале и до градоначалникот на Ла Марке, Боби Хокинг и Универзитетот во Тексас. Вилијамс, кој сака да студира бизнис менаџмент, почнала да плаче кога и била доделена стипендијата. Тинејџерката изјавила дека била изненадена што нејзиниот едноставен чин на добрина и хуманост станал толку вирален и вели дека истото би го направила и во било кој друг ден.
За Евони имало уште едно изненадување. Градоначалникот посветил ден за девојчето, наречен Evoni “NeeNee” Williams Day.