Единствената личност која ќе управува со вашиот живот треба да бидете вие самите и никој друг. Ние можеме да научиме како да го намалиме негативното влијание на оние кои не ни посакуваат добро, па дури и да се заштитиме од тоа, не дозволувајќи им на туѓите мислења да ги напаѓаат нашите срца и умови.
Никогаш не дозволувајте луѓето:
10. Да ве вовлекуваат во бесмислени дебати
Не трошете го времето обидувајќи се да докажете нешто на лице кое веќе го направило својот избор и ја прифаќа само својата вистина. Да, постојат луѓе кои се обидуваат да ве разберат, но не можат. Но, има и луѓе кои не сакаат да разберат. Дали вреди да си го трошите вашето време и напор?
9. Да направат да се чувствувате засрамено поради вашето минато
Има луѓе кои секогаш се подготвени да ве потсетат на вашите грешки и минати неуспеси. Но вашето минато ви припаѓа само вам и сè што се случило е дел од вашето животно искуство и никогаш не треба да дозволите некој да ве засрами. Не е важно што содржи вашето минато, сетете се дека никој не може да го промени.
8. Да ве лажат
Колку повеќе се обидувате да не забележите нечија лага, толку побрзо ќе ја замените со вашата реалност. Вашата трпеливост само ќе ги влоши работите и ќе им овозможи на лажливците да почувствува дека нивната измама функционира.
7. Да ве убедуваат дека промените се лоши
Има луѓе кои се плашат од промени. Тие не сакаат да продолжат и да се запознаат со нешто ново. Затоа, треба да останете верни на вашето мислење и да се обидете да не дозволите другите да влијаат врз вас. Сè на сè, тие луѓе се контролирани од несигурност и страв.
6. Да го оставите вашето омилено хоби
Кога ќе направите нешто што е навистина важно за вас, се чувствувате среќни. Ако вашето хоби ве прави да се насмевнете и да бидете среќни, тогаш дефинитивно се движите во вистинската насока. Не дозволувајте другите да застанат помеѓу вас и вашата среќа. Ако некој не го дели истиот ентузијазам, тоа е нивен проблем и дефинитивно не е нешто за што треба да се грижите.
5. Да ве убедат дека ви треба повеќе
Многу е важно да бидете благодарни за она што го имате. Ако барате невозможни работи од себе и дозволите другите да го сторат истото, ќе се разочарате. Ценете го она што го имате. Тука започнува вашата среќа.
4. Ве убедуваат да преземете ризици
Невозможно е да се постигне ништо без да се потроши време и напор. Да, постојат луѓе кои успеваат лесно да ги постигнат своите цели. Но, тоа се исклучоци од правилото. Луѓето имаат различни пристапи кон различни ситуации и дејствуваат како сакаат и како тие сметаат дека е соодветно. Нечии постапки можеби не се начинот на кој би сакале да дејствувате и тоа е нормално.
3. Да ве убедуваат дека не треба да вложувате повеќе труд
Понекогаш кога целта речиси е постигната, наидуваме на одредени тешкотии што нè вознемируваат. Грижливите луѓе разбираат дека ова е кога најмногу ви треба нивната поддршка и тие се обидуваат да ве расположат, или дури и да ви помогнат. Но, постојат и такви кои можат да ве натераат да се сомневате во себе.
2. Да ве разубедуваат да го следите своите соништа
На почетокот сите се соочуваат со критики и други тешкотии. Но, таквите предизвици не зајакнуваат. Ако навистина знаете што сакате, следете го сонот, без оглед на тоа што се случува.
1. Да ви ги избираат пријателите
Таквите ситуации се случуваат кога лошите луѓе се обидуваат да влијаат на вашата врска со добрите луѓе. Не дозволувајте таквите луѓе да ве оддалечат од оние што го ценат вашето пријателство. Бидете со оние чие присуство додава боја и богатство во вашиот живот.