Верно куче го чека неговиот сопственик пред болницата каде што починал пред четири месеци, откако бил избоден со нож. Кучето кое што нема име првпат пристигнало во болницата Санта Каза де Ново Хоризонте во државата Сао Паоло, Бразил во октомври.
Две месеци по страшната смрт на сопственикот кучето продолжило да го чека пред болницата, а вработените во болницата се сожалиле и почнале да го хранат верниот пријател.
Од болницата дури и му пронашле засолниште, а исто така се пријавил и човек кој сака да го земе. Но, неколку дена пред да дојде човекот, кучето избегало од засолништето и се вратило пред болницата.
Вработена од болницата, Кристина Сардела, објавила фотографии од животното како чека пред болницата и напишала:
„Можеме многу да научиме од животните. Оваа куче останува секој ден пред болницата Санта Каза де Ново Хоризонте, чекајќи го неговиот сопственик, кој за жал починал. Тој можеби залудно чека, но љубовта која што ја чувствува е вечна.“