Дали некогаш сте уживале во луди забави до доцна навечер, без да се грижите дека некој ве снима со мобилниот и ќе завршите на Јутуб? Или пак пред да се роди вашето прво бебе со возбуда сте го погодувале полот? Дали имате библиотека полна со музички ЦД-а во кои ги има вашите омилени песни? Дали чувствувате носталгија за работите кои сте ги правеле и користеле во минатото пред да настапи на сцената новата технологија? Ако одговорот е „Да“, тогаш не сте сами!
1. Интеракција лице-в-лице
Забавата или средбата и разговор со пријателите за време на викендите сега е заменета со видео разговори и текстуални пораки. Додека некои можат да тврдат дека модерната технологија ја направи комуникацијата поефикасна, таа сигурно го исцеди емотивниот аспект.
2. Примање честитки
Возбудата што ја чувствуваме по добивањето честитки од некој посебен сега е заменета со електронски писма и пораки.
3. Изненадувачки посети
Во минатото беше нормално ненајавен пријател да дојде на гости за да се дружите. Во денешната ера на мобилни телефони, ретко некој ќе ја посети својот пријател без да го информира.
4. Читање весници
Немаше ништо порелаксирано од будењето наутро и листањето низ страниците на свежиот весник додека пиеме чаша кафе – или носење на весникот со нас во тоалет. Некако, екранот со е-мастило што го користиме за да прочитаме за тековните настани не ни дава исто задоволство.
5. Користење на печатени карти
Пронаоѓањето на GPS апликации и апликациите за мапи базирани на паметни телефони станаа непријател на скромната печатена мапа. Додека имате тенденција да се потпрете на вашиот телефон, бидете сигурни дека една од овие стари мапи ќе ви биде погодна кога батеријата на телефонот ќе се испразни.
6. Примање телеграми
Примањето на телеграма некогаш ги правело сите нервозни, затоа што знаеле дека преку нив пристигнуваат важни вести. За добро или лошо, добивањето на текстуална порака на паметниот телефон не предизвикува таква емоција.
7. Урбани легенди
Секој сака да раскажува приказни, а уште повеќе кога може да го игра главниот лик во неа. Без извор за да ги потврди таквите тврдења, тие често стануваа легенда. Но, тогаш се појави Google дојде и ја расипа забавата.
8. Барање филмови во видеотека
Возбудата кога заедно со пријателите одите да најдете филм кој ви се допаѓа, а потоа да внимавате до кога можете да го вратите, не може да се спореди со симнување на филмови на вашиот лаптоп.
9. Фотографија на филм
Се сеќавате на оние денови кога чекавте со нетрпение да го однесете апаратот во фото студио за да видите какви ви се фотографиите од одморот? А потоа прецизно ги подредувате фотографиите во албум и под секоја од нив пишувате од каде е? Благодарение на технологијата, со дигиталните апарати, елементот на изненадување повеќе не е присутен.
10. Слободата да се забавувате колку сакате без да ве забележат сите
Беше забавно да се отиде на некоја луда журка и да се прават откачени работи. Но денес благодарение на Фејсбук, Инстаграм и Јутуб не можеме да се опуштиме и да уживаме во „анонимноста“.
11. Уживањето во концерти
Младите денес ретко уживаат во концертите бидејќи се премногу зафатени со снимање на самиот концерт, за да го споделат искуството на социјалните мрежи.
12. Dial-up модеми
Дали звукот во ова видео ве потсетува на нешто? До неодамнешното минато, овој звук го означуваше почетокот на вашиот влез во неверојатниот свет на Интернетот. Тогаш беше нормално да се нема интернет и луѓето се вклучуваа само кога имаа потреба од тоа.
13. Очекување на бебе
Да се погодува полот на нероденото бебе во минатото била забавна работа. Родителите бирале две имиња за децата, машко и женско и заедно го чекале возбудливиот момент. Денес ваквото искуство е речиси невозможно.
14. Соделување на ЦД-а
Се сеќавате кога на пријателите им подарувавте ЦД со вашите омилени песни за да можете да ги слушате заедно?
15. Барање на прекинувачот за светлата
Сега можеме да ги користиме нашите паметни телефони за да ги вклучиме или исклучиме светлата, или дури и да ги повикаме паметните асистенти да го сторат тоа.
Бонус: Како децата го минуваат своето време
Летањето на змеј беше главна забава за децата, некогаш. Ако видите нешто слично на змеј во воздухот овие денови, има добри шанси тоа да е само паметен телефон прикачен на селфи стап.