Еден патник на лет од Малезија бил уапсен откако, се соблекол гол за да гледа филм за возрасни, пред да нападне една од стјуардесите на летот од Малезија. Набргу откако летот Малиндо Ер полетал од Куала Лумпур во саботата, 20-годишниот маж од Бангладеш ја соблекол облеката и почнал да гледа порнографија на неговиот лаптоп.

Мажот, студент на малезиски универзитет, првично ја вратил облеката на барање на екипажот. Но, кога тргнал кон тоалетот се обидел да прегрне една од стјуардесите и кога таа го одбила тој станал агресивен и ја нападнал. Тој исто така мастурбирал и уринирал на неговото седиште.

Авиокомпанијата, малезиска подружница на индонезиска компанија, одби да ги потврди сите детали, но во соопштението се вели дека „непријатниот патник“ бил врзан за време на летот до Дака и бил уапсен при пристигнувањето. Тие објаснија: „Екипажот на авионот ја следеше стандардната оперативна процедура за задржување на патникот од понатамошни нарушувања на летот. Непријатниот патник беше придружуван од безбедносен тим во Дака по пристигнувањето и тој беше затворен од страна на властите таму.“

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено