Јадењето на производи на кои им истекол рокот на траење може да биде ризично, но има некои видови храна за кои никогаш не треба да се грижите, бидејќи тие се безбедни за јадење после многу, многу години.

10. Ориз

Најдобрата температура за складирање ориз е 4,5 ° C или пониска. Подобро е да се складира ориз во пластични кутии за храна или во стаклени тегли. Како што една студија покажува, под овие услови, оризот може да се складира до 30 години и нема да ја изгуби својата арома или хранлива вредност.

9. Млеко во прав

Млекото во прав што се обработува според сите соодветни здравствени стандарди може да се чува долго време без да се изгуби хранливата вредност – само додека е складирано во херметички сад.

8. Соја сос

Соја сосот може безбедно да се чува најмалку 3 години, дури и ако шишето е отворено. Рокот на траење на соја сосот во херметички сад може да биде многу подолг, но зависи од условите и од типот на соја сосот, начинот на кој е обработен, неговиот квалитет и температурата на складирање.

На пример, висококвалитетен сос од соја може да се направи само преку природна ферментација, процес кој обично трае од неколку месеци до две години. Само овој тип сос од соја може да трае повеќе од три години. Затоа, треба да внимавате на одредени брендови кои додаваат хемикалии за да го забрзаат процесот на ферментација.

7. Јаворов сируп

Според Масачусетс асоцијацијата на производители на јавор, неотвореното шише со јаворов сируп може да се чува на неодредено време. Па дури и по отворањето, можете да го користите неколку години ако го чувате во фрижидер.

6. Сушен црвен грав

Истражувачите од Универзитетот Бригам Јанг открија дека по 30 години складирање, исушениот црвен грав иако го променил визуелениот изглед, сите примероци останале прифатливи за употреба во итни ситуации. Тие заклучиле дека исушениот црвен грав, како и другите видови на грав, можат да траат најмалку 30 години.

5. Сол

Солта е всушност минерал, а не производ, поради што е невозможно да се расипе. Се разбира, минералот може брзо да ја апсорбира водата и да се претвори во една огромна карпа со текот на времето. Но, на крајот, солта секогаш останува токму тоа, сол. Сепак, запомнете дека јодираната сол трае само околу една година. Во овој временски период, јодот обично испарува, а солта го губи својот корисен квалитет, иако сѐ уште можете да ја користите како обична сол.

4. Силни алкохолни пијалаци

Алкохолните пијалаци како вотка, виски, рум и коњак немаат рок на траење, но важно е да ги чувате на ладно темно место во правилно запечатени шишиња.

3. Оцет

Белиот оцет е уште еден производ без рок на траење, но сепак треба да бидете сигурни дека ќе го чувате под соодветни услови. Ако сакате оцетот да трае долго време, најдобриот начин за складирање е во оригиналниот херметички сад на ладно, темно место подалеку од извори на топлина.

2. Шеќер

Исто како и солта, шеќерот трае неодредено долго време, особено ако го чувате во херметички сад. Но, дури и ако шеќерот ја апсорбира водата од воздухот и се претвори во цврста карпа, не го губи својот квалитет.

Патем, шеќерот во прав и кафеавиот шеќер, исто така, може да се чуваат долго време.

1. Мед

Медот е навистина уникатна храна бидејќи може да трае засекогаш благодарение на неговиот хемиски состав. Покрај тоа, ако купите затворени тегли со мед во нив, можете да бидете апсолутно сигурни дека нема да се расипе бидејќи нема да дојде во контакт со воздух и вода.

Додека ископувале една од египетските пирамиди, археолозите откриле неколку тегли мед. Просечната возраст на наодот била околу 2.000-3.000 години. Сè уште бил добар за јадење – археолозите дури и го пробале! Неколку години подоцна, во Грузија бил пронајден мед стар 5.500 години.

Сподели на Facebook
пати видено