Познатиот британски картограф и поранешен пратеник, Џејмс Вилд, имал брилијантен план да го промовира своето мапирање. „Големата изложба“ била закажана за 1851 година во Хајд Парк во Лондон и требало да ја посетат истакнати индустријалци, научници и уметници од целиот свет, како и членови на кралското семејство. Вилд сфатил дека би можел да создаде огромен модел на земјата со точен опис на географијата на Земјата, за изложбата, за да ги зголеми шансите за постигнување на нови деловни зделки и зголемување на продажбата.
Вајлд му се обратил на организациониот одбор на „Големата изложба“ со идејата, но бил разочаран кога дознал дека павилјонот што се подигнува за „Големата изложба“ – Кристал Палас – бил премногу мал за да го смести својот предлог за 20-метарскиот глобус. Вилд почнал да бара алтернативна локација и одлучил дека естер Сквер е соодветна локација за неговиот проект. По доста комплицирана серија преговори со сопствениците на градините, му била дадена дозвола за да се изгради глобусот и да остане таму 10 години.
Откако договорот бил потпишан, 300 работници почнале да работат на проектот. Големиот глобус на Вилд не бил обичен глобус. Тој бил шуплив, а положбата на континентите, океаните, државите, морињата и слично била претставена од внатрешноста, насместо од надвор.
Серија платформи поврзани со скали им овозможиле на посетителите да се восхитуваат на секој квадратен сантиметар од огромната релјефна мапа на планини и реки, со доволна големина за да биде детално забележана. Плодното земјиште било обоено зелено, а пустините во песочна жолта боја.
Вулканите биле прикажани драматично со ерупција користејќи обоена памучна волна за лава и чад, додека снежните планини биле попрскувани со бели кристали кои блескале. Картата била точна како што можела да се направи секоја карта од средината на 19 век, со исклучок на фактот дека Антарктикот бил отсутен. Големиот јужен континент во тоа време бил во голема мера непознат и иако биле забележани видувања на огромна ледени санти и земјиште во последните триесет години, Вилд ги отфрлил овие приказни.
Големиот глобус станал хит помеѓу посетителите на Големата изложба, а дури и откако завршила изложбата глобусот имал околу 1,2 милиони посетители до 1853 година. До средината на 1850-тите, сепак, зградата почнала да „старее“, а Вилд бил принуден да го користи местото за разни шоуа за да привлече посетители.
Договорот на Вилд за користење на земјиштето истекол во 1862 година, по што била извадена изложбената сала, а глобусот се распаднал и се продавал во делови во отпад. Дури во 1930 година било изградено нешто слично на Големиот глобус, во САД изградено од страна на Christian Science Publishing Society.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.