Оваа храбра жена, која не сакала нејзиниот идентитет да биде откриен, пешачела 12 километри низ снег и температури под нулата за да изврши операција на пациент болен од рак. Жената, хирург пешачела три часа низ Глазгов за да изврши операција на пациент на кој му бил дијагностициран рак на дебелото црево. Таа патувала со очила за снег и стапови за скијање.
Жената не сакала да ѝ го откријат идентитетот затоа што смета дека само си ја вршела работата.
Нејзиниот колега Анди Ренвик изјавил: „Таа пешачеше од Аниесланд до Паисли и беа потребни два часа и 50 минути. Ја видов кога влезе, носеше очила за снег, чизми за снег и стапови за скијање.“
Жената е позната како посветен хирурк, бидејќи ова не е прв пат да се жртвува за работата. Таа спиела во болницата кога било потребно, им помагала на колегите и била многу посветена на пациентите. Температурите во Глазгов веќе цела недела се под нулата.