Верувале или не, луѓето од целиот свет случајно се „сопнуваат“ на богатства кои целосно го менуваат нивниот живот засекогаш и тоа се случува почесто отколку што мислите. Дури и наједноставните наоди како стара бејзбол картичка или антички путер можат да направат да се чувствуваат како да добиле џекпот.
1. Ферари во дворот
Дали некогаш сте копале некаде, барајќи некое скриено богатство? Некои луѓе наоѓаат, повеќето не, но овие деца нашле нешто на што воопшто не се надевале. Момчињата од Калифорнија копајќи налетале на нешто големо, направено од метал. Продолжиле да копаат и не можеле да си поверуваат на очите кога виделе дека откопале – Ферари! Повеќе за оваа приказна прочитајте тука.
2. Дали би се осмелиле да пробате путер од пред 2.000 години?
Она што изгледа како огромен компир е, всушност, парче од путер од 10 килограми, пронајдено од градинарот, Џек Конавеј, кој барал тресет во мочуриштето Емаг во Ирска. Путерот е проценет на старост од 2.000 години – но тоа не е ни изненадувачкиот дел. Излегува дека таквите наоди не се толку необични за ирските и шкотските мочуришта.
Во минатото путерот бил прилично скап и бил корстен за плаќање даноци или кирија, или како во овој случај, тој бил понуден како подарок за боговите и духовите. Условите во мочуриштата, како што се ниски температури, високи нивоа на киселост и минимален кислород, ги прават високо ефективни фрижидери. Неколку години пред тоа, масовен сад со 50 килограми путер кој датира од пред 5.000 години бил пронајден во друго мочуриште. Археолозите велат дека путерот е тромав со восочна текстура и претежно со мирис мирис на сирење.
3. Златен приврзок од 15 век
Логично е да се биде скептичен за луѓето кои поминуваат цел викенд лутајки по песочни плажи со метален детектор во рака, надевајќи се дека ќе најдат нешто вредно. И ние бевме додека не ја прочитавме приказната за Мери Ханаби од Велика Британија, која по седум години ловење богатство нашла парче злато за време на една од нејзините прошетки во неделата на теренот.
Пронајдокот се покажа како приврзок од 15 век со резба на распнувањето на Исус. Подоцна бил разгледан од еден британски музеј кој го оценил на околу 4.000 фунти, но одлучил да не го купи. Приврзокот бил поставен на Sotheby’s со очекувана цена од околу 250.000 фунти, но не успеала да го продаде и никогаш не достигнал повеќе од 38.000 фунти.
4. Бејзбол картичка
Оваа бејзбол картичкс од 1869 година се смета за една од првите бејзбол картички што некогаш биле направени. Таа била пронајдена случајно од страна на 72-годишна жена од Калифорнија, која првично била ставена на листата на eBay само за 10 долари. Откако понудувачите покажале необичен интерес, таа ја повлекла понудата и на крајот ја продала на аукција за повеќе од 75.000 долари.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.